Син на екс фукнционер на СДСМ и сопственик на агенцијата Рејтинг го обвини лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за поставување на големото албанско знаме на Самоиловата тврдина во Охрид.
Никола Спасов кој предвиде дека Пендаровски ќе води со 5,3 % (води 0,6) по првиот круг а за референдумот најави дека може да има излезност од 50 % (излезноста беше 37 %) денеска го обвини Мицкоски за користење на албанско знаме во Охрид во ПР цели.
“Денешниот PR stunt на вмро со албанското знаме во Охрид нека ве потсети на злобата и олошот кој чучи во таа организација. Мицковски е полош од Груевски, поголем националист и спремен на се само да ја постигне целта. Глејте да ги вратиме”, напиша Спасов иако МВР Охрид веќе објави дека знамето го поставиле двајца Косовари.
Денешниот PR stunt на вмро со албанското знаме во Охрид нека ве потсети на злобата и олошот киј чучи во таа организација. Мицковски е полош од Груевски, поголем националист и спремен на се само да ја постигне целта. Глејте да ги вратиме.
— НNкола Спасов (@NikolasTweet) April 29, 2019
Косовски Албанци го поставиле знамето на Самоиловата тврдина




