СДСМ бележи солидна предност од 2 проценти во пресрет на локалните избори пред опозициската ВМРО ДПМНЕ, се вели во анализата на анкетата која ја направила “Брима галуп” за “Слободен Печат”.
Претседателот на СДСМ Зоран Заев со 11,8 отсто убедливо води пред лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски кој има само 7 отсто.
Меѓу етничките албански политичари Али Ахмети има поддршка од 5,9% и Биљал Касами со 4,4% го предводат „дуетот“ во власта, пред опозиционерите Зијадин Села (4,1%) и Африм Гаши (0,4%).
На прашањето доколку денеска се одржат парламентарни избори за СДСМ би изјасниле 19,5% од испитаниците, а за ВМРО-ДПМНЕ 17,5%.
За ДУИ се определиле 7,2%, а за Алијанса за Албанците 6%. Од анкетираните, за Движењето БЕСА се определиле 4,7%, колку и за Левица (4,7%), а последна со рејтинг од над 1% е ДПА за која би гласале 1,1% од анкетираните.
Сите други партии се под 1% поддршка меѓу интервјуираните гласачи во ова истражување.







