(АНКЕТА) Знае ли Маричиќ што му мислат ,,Твитерџиите”?

Анкетата е спроведена на Твитер и нема научна или статистичка важност но резултатите треба да го загрижат вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ



Многу лоши одговори за премиерот на прашањето поставено од АнкетиМКД: Какво е вашето мислење за Потпретседателот на Владата на Република Македонија Бојан Маричиќ?

Од над 600 гласови дадени од корисници на Твитер во првите 16 часа од анкетата дури 90 проценти дале одговор дека имаат целосно негативно мислење за премиерот.

Само 4 проценти од тие што гласале сметаат дека имаат целосно позитивно мислење, 2 проценти имаат делумно позитивно мислење за вицпремиерот а 4 процентни имаат делумно негативно мислење.

Практично само секој 18 корисник на твитер кој ја видел и гласал на анкетата има делумно или целосно позитивно мислење за вицепремиерот.

Сите останати 17 имаат негативно мислење за Маричиќ.

Анкетата трае уште повеќе од 4 дена.