Анкетата на агенцијата Маркет Вижн спроведена за потребите на МКД.мк покажува дека доколку утре би се одржале избори, ВМРО-ДПМНЕ во однос на владејачката СДСМ би имала предност од 8 проценти кај определените гласачи.
Анкетата покажа дека огромен процент на граѓани одбиваат да одговорат на телефонска анкета, што експертите го толкуваат како страв.
Огромен е процентот на граѓани кои на прашањето за која партија би гласале ако утре се одржат парламентарни избори одговориле со „не знам“ (31,1%), „нема да гласам/бојкотирам“ (22,5%) и „не сакам да откријам/кажам“ (19,4%).
Од партиите на Албанците од Македонија води ДУИ со 2,6 %, Алијанса за Албанците со 1,8 отсто, Беса со 0,3 %… Истражувањето покажа дека 0,3 отсто од гласачите би гласале за партијата Левица, 0,3 отсто за Турската партија, 0,2% за ДПА, 0,2% за ВМРО-НП, за ГРОМ 0,1%, за Глас за Македонија 0,1%…




