Анкета: Владата во замислена борба со корупција, Заев абдицира со катастрофален скор

Опозицијата брифира за втор дел од теренска анкета на агенцијата ИПСОС.



Според брифингот повеќе од половина граѓани сметаат дека Зоран Заев има лоши резултати како премиер.

Огромен процент граѓани, дури 64% сметаат дека владата не се бори против корупцијата а бизнис заедницата е незадоволна од економските мерки за Ковид кризата.

За потребите на ВМРО-ДПМНЕ агенцијата ИПСОС спроведе теренска анкета од 06 до 20.12.2021 година врз 1 023 испитаника на територијата на цела држава Република Македонија, запазувајќи ги демографските карактеристики, се вели во брифингот за анкетата.

Во истражувањето се вклучени повеќе прашања, а во прилог ви ги пренесуваме резултатите на дел од нив.

1. Како го оценувате досегашното работење на Зоран Заев како премиер на државата?

Лош резултат од работата 53%
Добар резултат од работата 29%

2. Како ја оценувате досегашната борба на Владата против корупцијата?

Незадоволителна 64%
Задоволителна 29%

3. Дали сте задоволни од пакетот мерки во економијата кој го донесе владата за справување со ковид кризата:

Незадоволни 55%
Задоволни 37%

Во текот на вчерашниот ден беше објавено дека ВМРО ДПМНЕ има стабилна предност во однос на СДСМ од досега највисоки 9%.

Според анкетата на ИПСОС огромно мнозинство граѓани смета дека државата оди во погрешна насока, најголем проблем се економијата, малите плати и високите цени.