Анкета: Што најмногу ви пречи во наставната програма и Концепција на Царовска

Групата Учебници и настава мора да има денеска спроведува анкета со која сака да открие кои се најголемите проблеми во наставната програма и Концепција за образование што ја турка МОН и министерката Мила Царовска.



“Почитувани родители!

Во текот на утрешниот ден планираме да направиме една анкета на која ќе може да одговорите сите , на кои ќе бидат поставени сите прашања кои не мачат. Вашите одговори ќе бидат од големо значење и ќе придонесат за нашите следни залагања и делувања. Ќе ве замолам да дадете мислење за концепцијата и новите наставни програми објавени од МОН, со цел подобро да ги дефинираме прашањата. На што најмногу се спротивставувате како родители во однос на наставните програми и концепцијата?”, пишува во објавата на групата учебници и настава мора да има од каде се бараат
одговори во коментар.

Групата беше главен двигател од откажувањето на Царовска од планот со кој учениците во голем дел ќе учеа само од дигитални помагала без печатени книги.

Линк до објавата

https://www.facebook.com/groups/479418786591247/permalink/553093772557081/

Тие што не можат да коментираат на групата можат да коментираат на овој текст