Анкета: Се поголема поддршка за ВМРО-ДПМНЕ кај Македонците

Огромниот заостаток што СДСМ го има кај Македонците засега го надокнадува со поддршка пред се со гласовите на Албанците во Македонија, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мнение нарачано од МКД.мк што го спроведе агенцијата Маркет вижн.



Меѓу определените гласачи побројни се оние што ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ (14,6%).

За СДСМ ќе гласаат 13% од определените гласачи.

Во македонското гласачко тело за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 21,5 отсто, а за СДСМ 14,2 отсто од определените гласачи.

Кај гласачите на СДСМ бројот на Албанците поддржувачи на оваа партија е 6,6%.

Од албанските партии на најголема поддршка може да смета ДУИ, со повеќе гласачи отколку сите други албански партии заедно.