На прашањето „дали сте за членство во НАТО ако услов за тоа е промена на името“, 38 отсто од анкетираните граѓани одговориле позитивно, а против таквата варијанта се 62 проценти од испитаниците.
Над 14 отсто од Македонците би прифатиле промена на Уставот како дел од пакетот за промена на името, а позитивно на ова одговориле 90,1 отсто од Албанците (Турци 51,4 %, Роми 30,8 %, Срби 14,3 %, Босанци 55,6 %, Торбеши 22,2 %).
На ова прашање 85,8 отсто од испитаниците Македонци одговориле негативно, а и 9,9 отсто од Албанците се против измена на Уставот како дел од пакетот за промена на името (Турци 48,6, Роми 69,2, Срби 85,7, Босанци 44,4, Власи 100 %, Торбеши 77,8 %)




