Анкета: Расте популарноста на Неа демократија и Златна зора

Договорот од Преспа, има влијание на распоредот на силите на политичката сцена во Грција, „со последици што во моментот не може да се согледаат во целина“, пишува „То Вима“



Повикувајќи се на истражување весникот оценува дека, грчкото општество се врти – десно, со константно двоцифрено водство на опозициската партија на Мицотакис, но и со зајакнување на Златна зора.

Разликата меѓу двете најголеми партии е 12,1 проценти. Неа Демократија има поддршка од 37,2 отсто наспроти 25,1 проценти поддршка што ги има владејачката СИРИЗА.

Трета по популарност е „Златна зора“ со 9,1%, Движењето за промени има 7, додека Комунистичката партија (ККЕ) – 6,1 отсто поддршка кај граѓаните.

Другите партии, како Потами со 1,9% и Независни Грци со 1,3% многу веројатно на наредните парламентарни избори ќе останат надвор од парламентот и ќе се борат да не исчезнат од политичката сцена.