Анкета: Предметите на СЈО да не ги водат досегашните обвинители

 На прашањето „Што треба да се случи со обвинителите од СЈО“, повеќето од половина, или 57,1 отсто, од испитаниците во онлајн анкетата на „Макфакс“ сметаат дека обвинителите на СЈО  веќе не треба да имаат никаков допир со тие предмети.



Од анкетираните 26,2 отсто сметаат дека обвинителите од СЈО треба да продолжат да работат независно, додека 16,7 отсто сметаат дека обвинителите треба да се вратат на старите позиции, но да ги водат предметите на СЈО.

Извор: Макфакс