Анкета: Повеќето Германци не сакаат да ја видат Украина во Европската унија

Во Германија опаѓа поддршката за пристапување на Украина во Европската унија – според анкетата објавена од RTL/ntv, во почетокот на октомври, само 42 проценти од Германците (во споредба со 55 отсто во јуни) веруваат дека членството би било правилна одлука, наспроти 49 проценти (13 отсто повеќе отколку во јуни) со спротивен став.



Исто така, само 30 проценти од Германците сметаат дека Украина е способна да ги врати изгубените територии по 24 февруари и да ја „победи Русија“, а 62 отсто не веруваат во тоа.

Санкциите против Русија ги поддржуваат 63 проценти од анкетираните, а 30 отсто се за нивно олабавување или откажување. Истовремено, 57 проценти од Германците веруваат дека санкциите воведени против Русија ѝ штетат на Германија повеќе отколку на Русија, 21 осто обратно, а 18 отсто сметаат дека санкциите деднакво ќе им наштетат на Германија и на Русија.