Анкета на истражувачкиот центар на „Макфакс“ покажува дека преовладува мислењето дека шефицата на СЈО, Катица Јанева треба да одговара за своите постапки кои се откриваат во објавените снимки на италијанската „Ла Верита“ а поврзани со скандалот „Рекет“.
На Прашањето на „Макфакс“ дали Јанева треба да продолжи да оди на работа во СЈО, дури 73 проценти од анкетираните сметаат дека напротив, ртаа треба да биде уапсена.

Поради морални причини Јанева не треба да се појавува воп СЈО сметаат 15,1, а бидејќи е осомничена, 7,8 од досега анкетираните сметаат дека не треба да оди на работа.
Само нешто над 4 % сметаат дека спацијалната јавна обвинителка треба да г води СЈО додека не се избере нов шеф на СЈО.
Јанева, на 16 јули – истиот ден кога беа уапсени Боки 13 и Зоки Киќеец за случајот „Рекет“ – поднесе усна оставка, за која се покажа дека не е валидна бидејќи не била поднесена во писмена форма.
Два дена подоцна го известила СЈО дека користи боледување од 30 дена, иако ртакво боледување може да определи само Комисија…
Неколку дена подоцна јавноста дозна дека Катица Јанева е на одмор во Грција, откако јавноста се „забавуваше“ со информации за нејзините изгубени, форматирани мобилни телефони.




