Анкета на ИРИ: Скопјани се незадоволни од градоначалничката Арсовска

Повеќе од 57 отсто од граѓаните на Скопје се „целосно незадоволни или донекаде незадоволни“ од работата на градоначалничката Данела Арсовска. Скопјани се незадоволни и од работата на Советот на Град Скопје – 54 отсто од испитаниците (1.100), покажаа резултатите на анкетата американскиот Меѓународен републикански институт (ИРИ).



Но графата за позитивни оценки е поголема за Арсовска отколку за Советот на Град Скопје – 39 отсто се задоволни или донекаде се задоволни од работата на Арсовска. За работата на Советот на Град Скопје позитивно или донекаде позитивно се изјасниле 30 проценти.

Анкетата покажа дека најголем проблем за граѓаните на Скопје се урбаното планирање и развојот, загадувањето и јавната хигиена и здравствената заштита.

Од работата на Арсовска се целосно или донекаде задоволни 39 отсто, а за Советот на Град Скопје се изјасниле 30 проценти.