БРИМА ГАЛУП: Мицкоски е политичар со најголема доверба од граѓаните, а ВМРО-ДПМНЕ убедлив победник на изборите
Дури 7.5 проценти од испитаниците се изјасниле дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски е најпопуларен политичар на кој најмногу му веруваат. Само 4.5 проценти имаат доверба во премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски покажува најновата анкета спроведена во период од први до 21 јули на 1211 полнолетни граѓани од истражувачката агенција Брима Галуп.
На прашањето во кој политичар од Македонија најмногу верувате дури 7.5 проценти од граѓаните одговориле дека најмногу веруваат во лидерот на опозицијата Мицкоски, додека премиерот Ковачевски е на дури петтото место со само 4.5 проценти доверба од граѓаните.
Од албанскиот блок прв со најголема доверба е претседателот на Демократската унија за интеграции Али Ахмети со 5.1 процент.






