Резултатите на истражувањето на јавното мислење на МКД.мк спроведено од агенцијата Маркет вижн од 5 до 16 јуни, покажуваат дека Македонија се движи во погрешен правец.



На прашањето , Само мал дел од испитаниците ( 14,2%) одговориле позитивно на прашањето „дали сметате дека Македонија се движи во позитивна насока“.

Нешто повеќе од една четвртина сметаат дека стои во место, додека дури 55,5% сметаат дека оди во негативна насока.

Приближно половина или 43,6% од испитаниците сметаат дека најголем проблем во државата се економијата, нефункционалниот правен систем, односно криминалот и корупцијата (26,7% од испитаниците).