Дека Македонија се движи во погрешна насока сметаат 62,3 отсто од анкетираните. Без одговор останале 12,1, а 25,7 отсто од нив сметаат дека земјава сепак оди во добра насока, покажува анкетата на Маркет вижн изготвена за потребите на МКД.мк.
Расте незадоволството а тоа може да се види и со споредба со анкетите од ноември 2018 и јули 2019 кои покажале дека 54,9 и 57,6 отсто од граѓаните сметале дека Македонија оди во погрешна насока, а тој процент во септември 2019 е 62,3 отсто.
Најлоша оценка, во оценувањето на институциите, граѓаните му дадоа на Специјалното јавно обвинителство (1,5), Јавното обвинителство (1,71) и судството (1,77). Државните институции добија општа оценка од 2,24, а највисоки оценки добија претседателот на државата 2,55 и премиерот 2,43.
Анкетата покажа и дека граѓаните сметаат дека приоритет на владата треба да биде економијата (вработувања, повисок стандард, странски инвестиции…) за што се изјасниле 64,4 отсто од испитаниците.




