За потребите на ВМРО ДПМНЕ, агенцијата ИПСОС од 02.03 до 16.03.2022 година извршила теренска анкета на 1 007 испитаника а меѓу другите прашања граѓаните одговараат и за прифатливите начини за решавање на спорот со Бугарија.
Општ заклучок е дека поголем дел од испитаниците не прифаќаат понижување од Бугарија и бараат достоинствено решение.
Прашањето до испитаниците е:
Со која од следниве изјави највеќе се согласувате?
Одговорите се следниве:
20% се за опцијата: Македонија треба да ги вклучи без услови Бугарите во уставот а Бугарија писмено да гарантира дека ќе го тргне ветото и државата ќе почне преговори со ЕУ
39% се за варијантата Македонија да бара реципроцитет во односите со Бугарија
10% сметаат дека Македонија треба без услов да ги вклучи бугарите во Уставот и покрај тоа што Бугарија не гарантира почеток за преговори со ЕУ
31% не знаат која од понудените опции е најдобра






