Анкета ја урна желбата на Ковачевски да владее 12 години, и Заев стои многу полошо

Ако се суди според довербата на граѓаните во лидерите на политичките партии желбата на премиерот Ковачевски да владее три мандати или до 12 години е неосниваната.



Дури и со споени проценти со човекот што го избра да ја води владата Заев, Ковачевски има значително помала доверба од првиот опозиционер.

,Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски има до три ипол пати поголем рејтинг од претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски и два пати поголем рејтинг од екс претседателот на СДСМ и Владата Зоран Заев.

Ова го покажува најновата анкета на Институтот за Политички Истражувања од Скопје (ИПИС) за рејтингот на партиите и избор на нова влада.

Мицкоски има 17,7 отсто од гласовите на испитаниците кои одговориле на прашањето во кој политичар имаат најголема доверба.