Најновата анкета на агенцијата ИПСОС покажува дека доколку утре има парламентарни избори ќе се случи голема победа на ВМРО-ДПМНЕ, брифираат партиски извори.
За потребите на ВМРО ДПМНЕ, агенцијата ИПСОС од 02.03 до 16.03.2022 година извршила теренска анкета на 1 007 испитаника која покажува разлика од 8,7 % во корист на ВМРО-ДПМНЕ.
На прашањето доколку утре се одржат предвремени парламентарни избори за кој би гласале, добиени се следниве одговори:
ВМРО ДПМНЕ 18.2%
СДСМ 9.5%
ДУИ 4.1%
ЛЕВИЦА 4.0%
АЛИЈАНСА НА АЛБАНЦИТЕ 3.5%
БЕСА 1.2%
АЛТЕРНАТИВА 0.7%
ДПА 0.4%
ЛДП 0.2%
ДРУГИ 1.2%
НЕОДЛУЧНИ 16.5%
ОДБИВАМ ДА ОДГОВОРАМ 15.9%
НЕМА ДА ГЛАСАМ 24.6%
Според анкетата ВМРО-ДПМНЕ има предност од речиси 4 % пред сите партии во владата, СДСМ, ДУИ и Алтернатива заедно.
Вкупно 57 % од граѓаните од различни причини не кажале за кого би гласале, од нив една четвртина нема воопшто да гласа а 32,4 одбиваат да кажат или се уште не одлучиле.
Анкетата мерела и доверба во политичарите
Се гасне сенката на човекот за кој многумина сметаат дека владее од сенка
Кој македонски политичар има најголема доверба од народот (АНКЕТА)






