Во 2022 година дури за 20 отсто е намален бројот на граѓани кои сметаат дека членство во ЕУ е добра работа во споредба со 2021 година.
Ако се знае дека бројот на граѓани што живеат во Македонија е околу 1,8 милиони тоа значи дека околу 360 илјади македонски граѓани за околу 12 месеци ја загубиле довербата во ЕУ како добра цел.

„На прашањето дали испитаниците сметаат дека влезот во ЕУ е добра работа за државата, 49 отсто одговориле потврдно, што претставува најниско ниво од 2014 година наваму и остар пад од 20 процентни поени во однос на 2021 година. Проценката на односот на ЕУ како ’фер, пријателски и коректен‘ изнесува 17 отсто наспроти 30 отсто измерени во 2021, а дека односот на ЕУ е ’нефер, надмен и уценувачки‘ сметаат 65 отсто наспроти 48 отсто измерени во 2021 година“,
соопшти „Евротинк“ која ја спроведе анкетата.






