Анкетата на истражувачката агенција БРИМА, членка на Gallup International, покажува дека 60 проценти од испитаниците во земјава имаат благонаклоно или донекаде благонаклоно мислење за турскиот претседател Ердоган.
Нешто помалку или 54 отсто од анкетираните се изјасниле за германската канцеларка Ангела Меркел, покажала анкетата спроведена на 1.210 испитаници, во домот на испитаникот,
На трето место е Путин зз кој позитивно мислење имале 47 % од анкетираните, следи Трамп со 42 отсто, а на последно место е претседателот на Франција Емануел Макрон за кого 21 процент од испитаниците дале позитивно мислење и 63 отсто се изјасниле дека се неблагонаклонети кон него, пренесе „Плусинфо“.




