На прашањето „Доколку утре се одржат избори дали ќе излезете да гласате“, 56,6% од испитаниците се определиле за одговорот „да“.



Од определените граѓани, 18,6 отсто изјавиле дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, а 9,4 отсто за СДСМ покажува анкета на порталот МКД.Мк спроведена од 7 до 19-ти ноември над 1.200 испотаници.

Во групата нема да гласа или не сака да одговори се 43,4 отсто од испитаниците, а 21,5 % одговориле дека не сакаат да кажат дали ќе излезат или не на наредните избори.  

Oна што е интересно за рејтингот на политичките партии на Албанците во Македонија е падот на нивната популарност. Паѓа рејтингот на ДУИ во споредба со претходните анкети, но паѓа и популарноста меѓу гласачите Албанци и на Алијанса за Албанците и на Беса. Ова води до заклучок кон општо разочарување на албанското гласачко тело од нивните политички претставници.

Според регионите, убедлива е предноста на ВМРО-ДПМНЕ во источниот и во вардарскиот регион, но не и во полошкиот регион. Гласачкото тело на Левица е главно концентрирано во Скопје.

Телефонската анкета на 1.200 испитаници беше спроведена од 7 до 13 ноември, со статистичка грешка од +/- 3% и интервал на доверба од  95 отсто. Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според регион,пол, возраст и етничка припадност според податоците за резидентното население од пописот од 2021 година.

Според анкетата, убедлива е предноста на ВМРО-ДПМНЕ во источниот и во вардарскиот регион, но не и во полошкиот регион.

Гласачкото тело на Левица е главно концентрирано во Скопје.

Рејтингот на политичките партии на Албанците во Македонија е во опаѓање: Паѓа популарноста на ДУИ во споредба со претходните анкети, но паѓа и популарноста меѓу гласачите Албанци и на Алијанса за Албанците и на Беса.