Повеќето Бугари сметаат дека Бугарија треба да остане неутрална во конфликтот меѓу Русија и Украина, покажува најновото истражување на „Market Links“, кое е спроведено меѓу 1.029 лица во периодот од 22 до 29 март, пренесува bTV.
Наспроти 67 отсто кои за неутралност, 16 проценти сметаат дека Бугарија треба активно да ја поддржува Украина, вклучително и со оружје.
Повеќето испитаници сметаат дека Бугарија треба да обезбеди помош за украинските бегалци, вклучително и финансиска. 30 отсто се против.
На прашањето: „Како би гласале на референдум Бугарија да остане во НАТО и во Европската Унија?“, повеќето одговориле дека е подобро да продолжи членството.






