Доколку изборот за претседател на Соединетите држави се одржува денес, 45% од гласачите би гласале за кандидатот на Демократската партија Џо Бајден, додека 40% би гласале за сегашниот претседател Доналд Трамп, покажува истражување на Hill-HarrisX .
Анкетата беше спроведена помеѓу 3 и 6 октомври, со податоци кои покажуваат дека водството на Бајден падна за два процентни поени во однос на претходната анкета.
Меѓу анкетираните, 37% рекле дека се приврзаници на Демократската партија, додека 32% рекле дека се регистрирани како републикански гласачи.
Анкетата е спроведена меѓу повеќе од 2.800 регистрирани гласачи и има техничка грешка од 1,84 процентни поени.





