„Кандидатката за градоначалник на Скопје Данела Арсовска има поддршка од 19,3 отсто од анкетираните скопјани, а за постојниот градоначалник Петре Шилегов се изјаснуваат 17, 4 од нив. ДУИ и Алијансата за Албанците се во тесна битка за Тетово, но големата бројка на неопределени и оние што не сакаат да се изјаснат за кого ќе гласаат – 24, 8 отсто од анкетираните – може да придонесе опозицијата да биде победник во овој натпревар за градоначалник на Тетово. Овие две категории на граѓани вообичаено гласаат за опозицијата.“
Овие резултати ги објави македонскиот информативен портал на албански јазик“ „Алмакос“ во својата информација под наслов „Нова анкета: ДУИ и Алијансата на Албанците – Алтернатива во тесна битка за Тетово – еден детал укажува на опозицијата како победник“.
Порталот ги претстави резултатите од најновата анкета на „Организацијата за граѓански активизам и независност“, за која е наведено дека се занимава со анализи и со граѓански активизам.
Анкетата е спроведена во Тетово со опфат на 718 лица. За Скопје не е наведено колкумина биле анкетирани.
„Алмакос“ пишува: „За Теута Арифи би гласале 17 проценти од анкетираните, а за кандидатот на албанската опозиција Вулнет Мурсели се изјасниле 16,8 проценти од прашаните граѓани. Потоа следат кандидатот на Движењето Беса Билал Касами со 5,6 отсто и кандидатот на ДПА Сади Беџети со 5,4 отсто. Многу е голем бројот на неопределените и на оние, што не сакаат да кажат за кого ќе гласаат. Според анкетата 24, 8 отсто не сакале да се изјаснат за кого ќе го дадат својот глас. Врз основа на историјата на сите избори, овие лица вообичаено гласаат за опозицијата. Тие се плашат да го изнесат своето мислење слободно, поради можни притисоци.“
„Според таквата анкета реализирана и во градот Скопје, за кандидатката за градоначалник данела Арсовска се изјаснуваат 19, 3 отсто од анкетираните, а по неа следи актуелниот градоначалник Петре Шилегов со 17,4 отсто.“ – се наведува во оваа информација на „Алмакос“
Извор: https://almakos.com/ankete-e-re-bdi-dhe-ash-aaa-ne-beteje-te-ngushte-per-tetoven-nje-detaj-e-nxjerr-fitues-opoziten/







