Анкета: 49% од Израелците се против инвазија на Газа сега

Речиси половина од Израелците сакаат да се воздржат од каков било упад во Газа, според анкетата објавена во петокот, што може да значи пад на поддршката за планираната следна фаза од контраофанзивата против милитантите на Хамас, кои држат околу 200 заложници.



Израел се закани дека ќе го уништи Хамас како одговор на убиствата и киднапирањата извршени од палестинските исламисти на југот на земјата на 7 октомври и ги засили тенковските и пешадиските напади во услови на силни воздушни напади врз енклавата.

На прашањето дали војската треба веднаш да ескалира до целосна копнена офанзива, 29 отсто од Израелците ја поддржаа таквата стратегија, додека 49 отсто рекоа дека „би било подобро да се почека“, а 22 отсто се неодлучни, се вели во анкетата објавена во весникот „Маарив“, пренесуваат медиуми

Весникот наведува дека резултатите се во спротивност со претходната анкета на 19 октомври, која покажала поддршка од 65 отсто за голема копнена офанзива.