Речиси секој втор учесник во анкета во Бугарија, поточно 46 проценти, смета дека нивната земја не треба да ѝ даде втора шанса на Македонија за почеток на преговори со Европската унија, додека целосно не бидат решени спорните прашања.
Ова е резултатот од испитувањето на јавното мислење на „Егзакта рисрч груп“, спроведено од 5 до 12 декември 2020 година со анкетирање лице в лице на 1.025 полнолетни Бугари од 70 населени места.
Од останатите 53 проценти анкетирани, 14 отсто би ѝ дале втора шанса на Македонија до крајот на годината, под услов таа да демонстрира добар однос и да декларира подготвеност за решавање на спорните прашања, а 39 отсто би ѝ дале втора шанса во понатамошниот период само ако има конкретни докази дека се решаваат спорните прашања меѓу двете земји.






