Во својот најнов дипломатски потег официјална Анкара ја поздрави ратификацијата на Преспанскиот договор од грчкиот парламент но го игнорираше зборот Северна кој и се додава на Македонија.
Според турските власти сега „сите пречки за членството на Македонија во НАТО и во ЕУ се отстранети“.
Портпаролот на турското МНР, Хами Аксој во својата изјава воопшто не го споменува зборот Северна.
„Го поздравуваме прифаќањето на Преспанскиот договор, со кој се најде решение за името и се острануваат пречките за прием на Македонија во НАТО и во ЕУ“, изјави Аксој.

За грчката опозиција ова е провокација.
Во првата реакција од Грција најверојатниот иден шеф на грчката дипломатија Јоргос Кумуцакос вели дека допрва почнува тешкиот период за грчките интереси.
Кумуцакос е уверен дека Анкара очигледно намерно не го користи терминот „Северна Македонија“ и притоа го поздравува идното членство а Македонија во НАТО и во ЕУ.
Според него, во иднина на штета на Грција ќе се зацврсти соработката меѓу Турција и Македонија кога земјава ќе влезе во НАТО.




