Англискиот е лингва франка во светот, а во земјава нема учебник за основците

Помина една година од изборот на актуелната влада и речиси исто толку време откако новиот министер за образование вети учебници по сите предмети.



За тие предмети што нема, ние ќе распишеме повик за да се пријават наставници, професори кои ќе донесат ракописи за тие учебници

кажа министерот за обраозвание Јетон Шаќири на 18.02.2022.

Со доцнење од цело полугодие, дел од ветените учебници го најдоа патот до учениците. Останатите ги нема и во второто полугодие.

Деветтодделенците во скопското основно училиште „Петар Здравковски-Пенко“, но и сите нивни врсници веќе трета година го изучуваат англискиот јазик без одобрен учебник.

Јас и моите колешки си одиме по програмата и користиме веб-страници, имаме смарт-табла и така се снаоѓаме. Инаку, тоа е проблем за англиски јазик бидејќи се учи од прво одделение, и од прво до деветто чекаме книги

вели Марија Илиеска, наставничка по англиски јазик во ООУ „Петар Здравковски – Пенко“.

И додека во некои одделенија или училишта не се користи учебник бидејќи го нема, во други одделенија или училишта се користат стари учебници – оние чие одобрение е одамна поминато.

Линк до целиот текст