„Англиски“ на дело : Место со плажи, Охридско Езеро изобилува со – кучки?!

Магазинот „Славорум“ на својата страница на „Фејсбук“ објавува неверојатна грешка при превод од македонски  јазик на англиски во туристички водич за Охридско Езеро, во кој наместо зборот „плажа“ (beach) стои „кучка“ (bitch)?!



Во англискиот јазик зборот bitch се користи и како синоним за злобна или непријатна жена.

Така, на картата со која туристите од странство треба да се информираат за плажите на кои можат да се капат на охридскиот брег, тие добиваат „бонус“ во вид на урнебесен превод, според кој плажите станале – кучки…

„Славорум“ има цел да ги промовира словенските култура, историја, традиции, митологија, стил на живеење и туристички дестинации.