Анѓушев вели дека без кредити ќе нема ни плати

Во синоќешното гостувањена ТВ 21, поранешниот вицепремиер за економски прашања, Кочо Анѓушев, пресметал дека од 3,7 милијарди евра како што е проектиран годинашниов буџет, од кризата од корона вирусот, на државата ќе и фалат дури 2 милијарди евра .



За мерките што ги предложи Зоран Заев пред се околу мерката сите во администрацијата да земаат плата од 14.500 денари во април и мај, Анѓушев рече дека „ги следи реакциите“ но се прашува дали државата ќе има пари во буџетот за воопшто да им даде плати ако државата не превземе итни мерки .