За Кичево-Охрид имаше застој, не поради неорганизираност или технички проблеми, туку поради недостиг на финансиски средства“, вели во интервју за ТВ Сител вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев.



Тој објасни дека сега се обезбедени средства.

„Кредитот со Ексим банка беше истечен на 19 јануари и практично немаше финансиски средства за да се продолжи со работа. Аплициравме во ноември, но одобрението од Ексим до добивме пред два дена и сега ќе се интезивираат работите на патот Кичево-Охрид, особено во делот од Врбјани до Охрид.

Анѓушев вели дека очекува дел автопатот кој со должина од 60-тина километри, односно околу 30 километри, да биде пуштен што е можно најбрзо, во период не подолг од една година, истакна Анѓушев.

Вицепремиерот ги отфли наводите дека автопатот Миладиновци -Штип доцнел.

„напротив овој пат се градеше четири и пол години. Во првите две беа изградени околу 55 отсто потоа за една и пол година беа изградени 45 отсто и тој е пуштен за употреба“, рече Анѓушев.