Во синоќешното гостување на ТВ Телма, вицепремиерот Кочо Анѓушев најави дека ќе се повлече од политиката независно од исходот на изборите, а причина е загриженоста за неговиот бизнис кој трпи поради неговиот политички ангажман.
„Кога прифатив да бидам дел од Владата моите намери беа најчесни, со знаењето што го имав стекнато, да и помогнам на државата.
Но, за овој период приходите во моите компании опаднаа, а и профитите, некаде и до 50 отсто. Тоа е и заради моето отсуство.
Ќе си го доработам мандатот, но бидејќи не сум член на ниедна партија, нема да продолжам со политиката“, рече Аншушев.




