Вицепремиерот Кочо Анѓушев потврди дека ја продал неговата енергетска фирма „ЕДС“ на грчка компанија која се смета за најголема во Европа.
„Потпишав договор со грчкото Електростопанство за продажба. Цената на трансакцијата е 4.8 милиони евра. Трансакцијата беше максимално транспарентна и евалуацијата на цената беше извршена од две меѓународни куќи и нормално јас согласно законите во република Македонија ќе си платам персонален данок“, изјави Анѓушев.
Тој додаде дека средствата кој ги добил ќе ги реинвестира во македонското стопанство најверојатно во дејности како инжењерство, енергетика…
Вицепремиерот е сопственик на неколку мали електроцентрали.





