Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски, е свесен дека растат апетитите кај македонските навивачи како што наближува дебито на Европското првенство и ветува дека нема да ги разочараат.



„Навивачите се навикнаа на успеси, сега бараат да бидеме европски шампиони. Овие фудбалери многу пати досега ја направија нацијата горда. Со самиот пласман на Европскиот шампипонат и со нивните настапи за репрезентацијата, можам да ѝ ветам на нацијата дека ќе направат сè во своја моќ пак да ги направат фановите горди“, изјави популарниот Мрме пред објавувањето на списокот од 26 фудбалери на кои смета за ЕП.

Меѓу нив се и тројца членови на младата селекција – голманот Ристе Јанков, играчот за врска Дарко Чурлинов и напаѓачот Милан Ристовски.