Нина Ангеловска – амбасадорка на е-трговија на ОН

Неодамна именуваната министерка за финансии, Нина Ангеловска е меѓу седумте жени претприемачи кои се избрани за амбасадори на е-трговијата во Обединетите Нации.



Нејзината промоција е најавена за време на 74. Генерално Собрание на ОН од 23 до 26 септември во Њујорк, а признанието го доделува телото при организацијата за трговија, инвестиции и развој, УНКТАД.

Од УНКТАД иницијативата „Е-трговија за сите“ истакнуваат дека „Супер седумката“ е избрана со цел да се поттикнат и инспирираат жените во светот да преземат иницијативи и да ги искористат предностите кои ги носи глобалната дигитална економија, која е во постојан развој, пишува Нова ТВ.