Ангелов : Згрозен сум од вандализмот на споменикот на Горан Стојменовиќ

Остра осуда за вандализирањето на споменикот на Горан Стојменовиќ од Стојанче Ангелов. Актуелниот директор на ЦУК , бранител од 2001 порача дека е згрозен од чинот. Споменикот беше оштетен на големиот празник Илинден.
„Згрозен сум и силно револтиран од вандализмот на нечовекот кој ја оштетил спомен-бистата на мојот храбар соборец од Тигрите, специјалецот Горан Стојменовиќ, кој загина во борбата со терористите во кумановско Диво Насеље. Очекувам МВР брзо да го открие вандалот за да биде изнесен пред лицето на правдата“, пишува Ангелов на социјалните мрежи.