Ангелов повика за учество во пописот „за да не се загрози тоа што во 2001. го браневме со оружје“?!

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, со повик за учество на претстојниот попис, вадејќи го како аргумент дури и воениот конфликт од 2001 година!



„Пописот е статистичка операција, но во нашата држава има и друга димензија. Ние како држава треба да се трудиме сите граѓани, без разлика во колкав процент ги има во нашата држава, да ги уживаат сите права. Но, повикувањето на бојкот за пописот навистина може да предизвика далекусежни штетни последици во нашата држава. Опасноста од Ковид не е оправдување за повикување на бојкот, затоа што ќе бидат почитувани сите протоколи за борбата со Ковид. Така што, особено дијаспората која што треба да се попише од дома нема никакво оправдување. Да не се најдеме во ситуација она што во 2001. го браневме со оружје, дел од тоа да биде загрозено со една обична статистичка операција“, изјави поранешниот полициски генерал и лидер на партијата Достоинство, која е дел од владината коалиција.