Директорот на Центарот со управување со кризи Стојанче Ангелов во контекст на лажната вест за украдена моторна пила од австриската помош за пожарите вели дека и самиот поверувал во информацијата за која се утврди дека е лажна.
Причините поради кои тој помислил дека некоја ја украл плата е тоа што претставници на ВМРО-ДПМНЕ биле во контакт спасувачите од Австрија.
“Да бидам искрен за миг и јас поверував на лажната вест за украдената моторна пила од австриските пожарникари.
А и како да не поверувам кога токму тој ден околу австријците се моташе делегација на ВМРО ДПМНЕ”, напиша Ангелов на Твитер.
Ангелов беше предмет на јавноста откако минатата недела неговата сопруга се пожали дека со денови ниту јадел ниту пиел а дента тој беше сликан како руча во кафеана во Берово.
Неумесниот напад на Ангелов врз ВМРО-ДПМНЕ доаѓа откако тој беше снимен како бара средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ кој му одговара дека ќе го прими кога сака, што најверојатно не се допаднало на кругови во владата која го постави за директор.






