Најавениот протест против крстот на Попова Шапка кој треба да се одржи во очи на нова година, во петок во Тетово, меѓу другото ќе покаже колкумина наши сограѓани Албанци ќе покажат непочит кон нас православните Македонци.
Се надевам дека нивниот број ќе биде мал“, порача лидерот на „Достоинство, Стојанче Ангелов во објава на фејсбук.
На градоначалникот на Тетово Ангелов му порачува дека за граѓаните на Тетово, далеку покорисно би било кога наместо со крстот на Попова Шапка би се зафатил со чистење на натрупаното ѓубре низ градот.
Да живееш под преубава планина а да дишеш отров е парадокс од невидени размери. Затоа наредната работа која му ја препорачувам на градоначалникот Касами е да се зафати со барање долгорочно решение за надминување на штетите и опасностите од загадениот и канцероген воздух кој секојдневно го дишат жителите на овој регион“.






