Ангелов : Ги сакам мечките, но повеќе луѓето. Отстрел само на многу агресивни мечки

Центарот за управување со кризи бара Министерството за внатрешни работи да го истражи случајот со нападот на мечката во тетовско. Откако МВР ќе ги собере потребните информации за опасната мечка во Пласница, ЦУК ќе бара од ресорните министерства да извршат проценка дали се исполнети условите за отстрел.
-Ние како ЦУК сме против убивање на мечките, ние сме против нивно застрелување. Тука зборуваме за опасни мечки што нападнале човек. Ги сакам мечките, но повеќе ги сакам луѓето. Ако некоја мечка нападнала човек и постои опасност пак да нападне, јас сум на ставот дека треба да биде застрелана“, рече Стојанче Ангелов.
Тој посочи дека во последните десетици години нема регистрирани напади од мечки, па затоа треба да се види дали оваа посочена мечка е поагресивна



„Вчера, лично зборував со човекот. Беше преплашен. Сакаме да дознаеме што точно се случило, зошто мечката го нападнала бидејќи факт е дека нападот не бил многу сериозен. Ако мечката сериозно го нападнала, ќе имаше многу посериозни последици. Можно е мечката да била исплашена бидејќи било ловен ден. Имало истрели од ловците, можеби бегала исплашена, налетала на него, го удрила, бидејќи по неговите кажувања само го турнала со шепите. Потоа го гризнала за слабините, но не силно, бидејќи раните се релативно плитки и мечката веднаш побегнала. Можеби се работи за несреќен случај кога во погрешно време се нашол на погрешно место. Дополнително, институциите ќе испитаат дали се работи за агресивна мечка“, рече Ангелов.