Шефот на бугарскиот тим од заедничката Комисија за историјата вели дека жали што доцни работата на ова, според него, научно тело а тоа е затоа што Македонија „не прифаќа дека имаме заедничка историја“.
„Ние сме во средниот век, уште сме на предметот што се учи во основно училиште, се уште не сме стигнале до она што се учи во средно, а работиме 3 и пол години“, вели Ангел Димитров, копретседател на Заедничката историска комисија со Македонија.
„Сето тоа е поради неподготвеноста на нашите колеги да прифатат дека имаме заедничка историја, а тоа започна во средниот век.
На тоа се должи на блокирањето на нормалниот ритам на комисијата“, вели Димитров како што пренесе БГНЕС.
Тој информира дека до крајот на мај треба да се одржат три средби на заедничката комисија а првата ќе биде на крајот на февруари.
„Инсистирав повторно да се отвори разговорот за Гоце Делчев, но за жал нашата средба ќе биде по (одбележувањето на )150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, коментира проф.Димитров кој „не очекува ништо што ќе предизвика голем ентузијазам во работата на комисијата.
Професорот Димитров вели дека нема промени вбо составот на бугарскиот дел од комисијата, за разлика од македонската страна, и тврди дека Комисијата работи бес политички притисок.






