Анестезиологот „тик-токер“ доби казна затвор

15 месеци затвор му изрече судија од Основниот кривичен суд во Тетово на анестезиологот Валтон Дервиши од Тетовската болница.



Тој е обвинет за несовесно работење и неовластено снимање на пациенти, по што снимките ги сподели на социјалната мрежа „Тик-ток“.ж

Притвор за лекарот-снимател што се „прослави“ на Тик-Ток

До правосилноста на пресудата тој ќе биде во домашен притвор.

Пред судот, тој денеска призна вина и се извини за своето однесување.

Скандалот се случи на 14 април, а следниот ден анестезиологот беше разрешен од работното место. 

Лекарската Комора му ја одзеде лиценцата за работа…