Андревски: Најпатриотски чин на дијаспората е одморот летово да го помине во Македонија

Гоце Андревски, професор на Универзитетот во Кингстон, Канада, смета дека македонските иселеници можат да ѝ помогнат на татковината да ја ублажи коронакризата со тоа што летниот одмор би го поминале во Македонија.



„Со веројатното активирање на авионскиот сообраќај, најпатриотски чин на секој Македонец од дијаспората е да го помине летниот одмор оваа година во Македонија (секако доколку е во можност). Поддршката на дијаспората во оваа криза е од круцијално значење за Македонија.

Девизниот прилив од нашите иселеници директно 1) ќе го намали дефицитот на платниот биланс и со тоа ќе го олабави притисокот врз курсот на денарот, и 2) ќе им помогне на компаниите полесно да ја пребродат кризата.

Летувајте во Македонија, помогнете ѝ на својата земја“, повика Андревски преку Фејсбук.