Бугарскиот европратеник, Андреј Ковачев, вели дека забраната од македонските власти да влезе во земјава на 6-ти мај сигурно ќе се одрази на преговорите за членство на Македонија со Европската унија.
Според него, „Македонија ја преминала црвената линија“ со тоа што член на европскиот парламент не бил пуштен во земја кандидат за член на Унијата.
„Тоа придонесе за многу реакции во Брисел“, рече Ковачев во гостување на БТВ – рече тој за БТВ.
Пратеникот смета дека прво треба да се чуе образложението на официјално Скопје пред да се зборува за ново вето од страна на Бугарија, но и од ЕУ.
„ Иронично, неколку дена пред да заминам кон Македонија имав разговор со Бујар Османи, сосема пријателски разговор. Сакав да присуствувам на настан од нашата општа историја крај Ново Село, на бугарските воени гробишта„, истакна Ковачев.
Според него, на границата немало никакво објаснување и затоа тој смета дека треба задолжително да му се извинат.






