Андреј Ковачев „ја кодоши“ Македонија низ Европа

Европратеникот од Бугарија, Андреј Ковачев, ја информирал Европската народна партија за притисоци над граѓаните на Македонија кои добиваат бугарски книги и дека ги информирал своите колеги од ЕПП за низата инциденти на македонските граѓани од Ресен, Битола и Кочани кои наводно биле под таков притисок.



„Ги информирав моите колеги од Европската народна партија. Она што се случува помеѓу РС Македонија и Бугарија не е обичен културно-историски спор, како што, за жал, го нарекоа Зелените. Ова е основен проблем на нашето време. Омразата, дискриминацијата не се културно-историски спор “, вели Ковачев, пренесеува Фактор.