Професорката Дарија Андовска со кратка анализа на бугарските барања кои се прифатливи за апологетите на власта.
,,Гледам дека владарите и застапниците на непристојниот “предлог” (како и апологетите, промоторите и други гротески) упорно инсистираат на “јазикот бетон”,
па да расчистиме:
– “добрите” соседи неколкупати рекоа дека ја прифаќаат сегашноста (македонски јазик);
– “добрите” соседи инсистираат на тоа дека македонскиот јазик е западно-бугарски дијалект;
– доколку се дозволат интервенции и ревизија на историјата на добрососедски терк
(а нема како поинаку со оваа рамка и протокол, оти оп! – блокада),
малку по малку нашата историја ќе стане бугарска, па со тоа и нашиот јазик до 1945″ пишува Андовска.
Според професорката бугарското признавање на реалноста не значи дека Софија се откажува од аспирациите кон македонските и национални атрибути.
,,Значи, накратко, тие ја признаваат “реалноста” дека денес постои македонски јазик (и тоа е “бетонот” кој ви го продаваат), ама дека тој јазик потекнува од бугарскиот, во пакет со “заедничката” историја”, порачува Андовска.






