Андовска: Престанете да „гњавите“ за промени на Уставот. Пратете некој по кафе. И името да го вратите

Професорката и декан на Факултетот за музичка уметност, Дарија Андовска, ја коментира веќе легендарната „анегдота“ за испраќањето на унгарскиот премиер Виктор Орбан „по кафе“ од германскиот колега Олаф Шолц на Самитот на Европската унија пред некој ден за да се одобрат преговори со Украина и Молдавија.



„Тоа е тоа, многу едноставно –

If you want something, you find a way. (Ако сакаш нешто, наоѓаш начин)

If you don’t want it, you find an excuse. (Ако не го сакаш, наоѓаш изговор)

И така, го пратија Орбан ‘по кафе’, за да пројдат Украина и Молдавија.

Изгледа на нашите блокирачки добри соседи ич не им се пие кафе или па не ги праќаат.

Оти да сакала ЕУ да пројде Македонија, нит име, нит историја, нит бутур немало да биде под знак прашање.

Само некои таму ќе ошле по кафе.

Затоа, престанете да гњавите за промени на Уставот.

Пратете некој по кафе.

И името да го вратите“, порача Андовска на Фејсбук.