Професорката и декан на Факултетот за музичка уметност од Скопје, Дарија Андовска, реплицира на повикот од пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски, до сопартијците од владејачката партија за помирување и обединување.
„Повик во се-де-се-ме да се обединат, за да не потонеле еден до друг.
Во што да се обедините?
За што да се обедините?
За што се борите?
И што ве разедини?
Да не е случајно земјава што ја запустивте?
Да не се случајно болните што молат за лек?
Да не се случајно пензионерите?
Да не се случајно земјоделците?
Да не е случајно културата и уметноста?
Да не се случајно условите за студентите, студентските домови?
Да не се случајно учебниците?
Да не се случајно европските цени и африканските плати?
Да не е случајно масакрот во правосудството,
хоророт во болниците,
ракот што го дишеме?
Долга е низата да пишувам ‘смешки’.
За што да се обединувате бе, муциња?
Уште што можете да украдете и уништите?
Во што да се обедините, во која борба?
Против сопствениот народ?“, прашува Андовска на Фејсбук.
Костовски преку истата социјална мрежа пред некој ден буквално крикна.
„Социјалдемократи, другари и другарки, или ќе се држиме сите заедно еден до друг, или ќе потонеме сите еден покрај друг. Време е за помирување и обединување“, апелира пратениикот од Куманово.






