Професорката од Факултетот за музичка уметност во Скопје, Дарија Андовска, со крик за немуштата (не)реакција од власта за ванчомихајловистичкиот „хепенинг“ во Битола, во присуство на бугарскиот премиер Кирил Петков, потпретседателката Илијана Јотова итн.
„Нема да ги фати срам, јасно.
За тоа треба да имаш образ.
Нема ни да им текне што прават со својот молк/млакост на ова отворено насилство, јасно.
За тоа треба да имаш мозок.
Не ги ни болат прерано згаснатите животи на сите предци, кои безрезервно гинеле за Македонија, јасно.
За тоа треба да имаш душа.
Нема ни да се обидат во борба за Македонија и овој толку напатен и измачен народ. Јасно.
За тоа треба да имаш срце.
Срце големо колку планина. Душа ко море. Мозок на револуционери, како Делчев и Сандански.
Образ чист како солза.
Ама ние сме пиреј!
И оваа гнасна, квислиншка власт ќе ја преживееме, ќе го преживееме и овој најтежок период во поновата историја (која се повторува) и ќе се дигнеме ко феникс од пепелта, во која сакаат да ја претворат Македонија.
Нè има.
Луѓе со чист образ, здрава памет, срце ко планина и душа ко море.
Македонки и Македонци. Ние не сме се пробудиле такви (после читање 2-3 месеци и добро кеширање), ние тоа го носиме со векови и генерации.
Ние сме Македонија“, напиша Андовска на Фејсбук.






